Најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал, Никола Пепе, рекол дека е фрустриран што не добива повеќе шанси за настап од менаџерот Микел Артета.
Арсенал, летото во 2019 година, за услугите на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, на Лил им плати 72.000.000 евра.
Пепе не успеа најдобро да се прилагоди на играта на Арсенал, поради тоа има мала улога во тимот. Оваа од почетокот на сезоната во Премиер лигата, само еден натпревар започнал во стартниот состав.
„Мојата цел е да играм многу повеќе. Фудбалерот е среќен само кога игра. Јас сакам повеќе минути на теренот за да ми се врати насмевката на лицетот“, изјавил за „Канал плус“, 25-годишниот фудбалер и дополнил.
„Сакам 100 отсто да бидам фокусиран на натпреварот, а потоа на тренингот ми станува јасно дека ќе бидам резерва. Тоа ме фрустрира“.
Пепе, за Арсенал, има одиграно 54 натпревари, постигнал 11 голови.