Top Sport

Стеауа ги прекрши правилата и се врати на тренинзи

Романскиот клуб ФЦСБ, попознат како Стеауа Букурешт почна со тимско тренирање, прекршувајќи ја забраната за јавни собири во земјата поради корона вирусот. На официјалната Фејсбук страница на клубот беше објавено видео на кое фудбалерите тренираат во тројки со тренерот Богдан Винтила.

„По барање на нашите фудбалери, ФЦСБ им ги стави достапни тренинг-терените за подготовки во група од три фудбалери“, објавија од ФЦСБ.

Министерот за спорт на Романија, Јонут Строе се закани дека клубот го очекува казна поради прекршување на двата претседателски декрети.

„Ако сакаат да тренираат им советувам да бараат одобрување од државните институции“, изјави Строе.

Европските шампиони од 1986 година, Стеауа имаат рекордни 26 лигашки титули, а се второпласирани на табелата со четири поени зад лидерите ЦФР Клуж.

Scroll to Top