Top Sport

Стефан Ристовски: Во второто полувреме ни се случи класичен македонски синдром

Македонија имаше водство од 2:0 на полувреме, но на крајот сепак забележа пораз од 2:3 на дуелот против Украина во Скопје. Блескав прв дел, но и несфатлив пад во играта во вторите 45 минути.

Капитенот Стефан Ристовски ја пренесе разочараноста во македонскиот тим.

„Тажни сме, се гледа тоа и по мојот израз. Одигравме одлично прво полувреме и потоа ни се случи класичен македонски менталитет во продолжението. Паднавме потполно. А толку многу зборувавме за таа дисциплина во играта. Ова е психолошки шок, да водиш 2:0 и да загубиш. Сега ни следи Англија, ќе мора да се кренеме и да одиграме најдобро што умееме. Искусни сме, се надевам дека ќе извлечеме и поуки“, изјави СтефаН Ристовски.

Украина патеше по првиот дел, но потоа избраниците на Сергеј Ребров заиграа според неговите желби, направија голем пресврт и победија.

„Среќни сме поради триумфот. Ова беше неверојатно тежок натпревар. Ние како да го преспавме првото полувреме, но добро е што се разбудивме во продолжението од мечот. Македонија има одлични играчи, но ние успеавме да најдеме начин да го смениме ритамот во второто полувреме. Откако постигнавме прв гол, ни се врати надежта дека можеме да победиме“, изјави Сергеј Ребров.

 

Scroll to Top