Top Sport

Стелини ќе го води Тотенхем додека Конте се опоравува од операцијата

Тотенхем подолго време ќе бидат без својот менаџер Антонио Конте, кој е во Италија и се опоравува од оперцијата на жолчката, препуштајќи ја работата на својот соработник Кристијан Стелини.

Стелини немаше некоја голема фудбалска кариера, играјќи за Тернана и Комо, со кои влезе во Серија А во 2002 година, пред да осигура трансфер во Јувентус. Но, тој доби повреда на ногата веднаш по трансферот и имаше само два настапи за нив пред во 2004 да се пресели во Џенова. Поради финансиски скандали, Џенова беше исфрлена во Серија Ц и Стелини остана во клубот до 2007, помагајќи им да се вратат во Серија А пред да се пензионира.

Тој се приклучи на тренерскиот тим на пријателот Конте во 2011 година, пред во 2012 да добие суспензија поради обвинувања за местење на мечеви. Тој се врати во Џенова како тренер на младинскиот тим, пред во 2017 да го преземе третолигашот Алесандрија, каде што остана само неколку месеци. Стелини се врати во тимот на Конте кога тој стана тренер на Интер во 2020, по што замина со него и во Тотенхем.

Scroll to Top