Рахим Стерлинг е една од најголемите ѕвезди на Манчестер сити, а пред да дојде кај „граѓаните“ играше за Ливерпул, така што е зачудувачки што како дете тој навивал за најголемите ривали на тие два клуба, Манчестер јунајтед.
Во интервју за „Дејли мирор“, Стерлинг открива дека љубовта кон Јунајтед била голема и се потсетува на мечот од финалето на ФА купот од 2007, кога „ѓаволите“ ги победија Челси. Тој додава дека тоа го инспирирало да купи 500 билети за деца кои не можат да си ги приуштат за да го гледаат Сити оваа сезона.
„Бев на тоа финале во 2007 година. Можеби не треба да го кажувам тоа сега, но кога бев мал бев огромен навивач на Јунајтед. Имав стар дрес на Јунајтед од времето кога го освоија ФА купот. Беше неверојатно да се биде на тој стадион. Беше неверојатно и затоа се обидов да им дадам шанса на други деца да гледаат. Да се биде блиску до стадионот и да не се влезе внатре е многу лошо. Ако две-три деца добијат инспирација од тоа, мисијата е успешна“, вели Стерлинг.