Top Sport

Стерлинг ја одбил понудата од Сити со 450.000 фунти неделна плата

Рахим Стерлинг засега не планира да стави потпис на новиот договор со Манчестер сити, тврди британскиот таблоид „Сан“, а причината е во неизвесната иднина на неговиот менаџер Пеп Гвардиола.

24-годишниот англиски репрезентативец добил понуда за договор со кој би заработувал фантастични 450.000 фунти неделно, но тој се премислува и ќе чека додека Гвардиола не потврди дека останува на „Етихад“.

Под Гвардиола, Стерлинг доби вистинска шанса да го покаже својот талент и според англиските медиуми тој е подготвен да оди со него во било кој следен клуб каде што Каталонецот би бил тренер. Инаку, доколку го потпише договорот, тој би добил за 50 отсто поголема плата.

Scroll to Top