Top Sport

Стерлинг не сака во Тотенхем како дел од трампата за Кејн

Рахим Стерлинг не е подготвен да замине во Тотенхем доколку Манчестер сити го понудат како дел од проектот за носење на Хери Кејн на „Етихад“, тврди ЕСПН, по вестите дека „граѓаните“ дале неверојатна понуда од 100 милиони фунти плус играчи за потписот на англискиот капитен.

Се сметаше дека Стерлинг е еден од фудбалерите кои Сити ги нуди покрај Габриел Жесус и Ајмерик Лапорт, но англискиот репрезентативец не сака преселба во северен Лондон.

26-годишниот Стерлинг беше клучен член на Сити под Пеп Гвардиола, освојувајќи три титули од Премиер лигата, но на крајот на минатата сезона го загуби стартното место откако наместо него играа Фил Фоден и Ријад Марез.

Стерлинг има уште две години од својот договор, и ако мора да замине од Сити, сака сам да го избере својот следен клуб.

Scroll to Top