Напаѓачот на Манчестер сити Рахим Стерлинг поради повреда ќе пропушти најмалку еден натпревар. Стерлинг нема да биде во составот на „граѓаните“ на натпреварот со Вест Хем.
Стерлинг се повреди минатиот викенд против Тотенхем во Лондон. Прашање е дали тој ќе се рехабилитира за дуелите со Лестер (22 февруари) и Реал Мадрид (26 февруари).
„Прегледите што ги направивме покажаа дека Стерлинг има повреда на „задњата ложа“. Сигурно ќе го пропушти натпреварот со Вест Хем. Во текот на зимската пауза детално ќе ја следиме неговата рехабилитација“, стои во клупското соопштение.
Стерлинг од почетокот на сезоната пропуштил само два натпревари во Премиер лигата. На 23 натпревари постигнал 11 гола.