Рахим Стерлинг во својата кариера беше фудбалер на Ливерпул, но сега тврди дека никој не сака да ги види „црвените“ со титулата од Премиер лигата, туку сите потскриено навиваат за Манчестер сити да ја добие битката.
На три кола пред крајот, Сити има еден поен предност пред Ливерпул по 2:0 победата над Манчестер јунајтед во градското дерби и Стерлинг вели дека по мечот почувствувал олеснување што не направиле грешка.
„Пред мечот со Јунајтед беше доста напнато, бидејќи знаевме дека ако направиме грешка, момците од Ливерпул ќе бидат пред нас. Тоа не го сакавме, тоа не го сакав јас, и не верувам дека некој го сакаше тоа. Секогаш го даваш максимумот за да победиш и станав професионален фудбалер за вакви моменти“, вели Стерлинг.
Raheem Sterling jokes that nobody wants to see Liverpool win the Premier League ? pic.twitter.com/xClCRAmA2y
— ESPN UK (@ESPNUK) April 26, 2019