Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг сака да остане на „Етихад“, но признава дека ќе размисли засвојата иднина ако продолжи да биде нестандарден во тимот на Пеп Гвардиола.
26-годишниот Англичанец има најмногу настапи под Гвардиола, но оваа сезона има само еден старт во Премиер лигата, што ги зголеми шпекулациите дека во јануари, Барселона ќе му даде понуда да го напушти клубот.
„Јас не сум личност која сака да се жали, и не се обидувам да ја направам работата поголема отколку што навистина е. Продолжувам со работата, го правам тоа што е потребно и подготвен сум да играм, да давам голови. За мене, ако мојот фудбал не е највисокото ниво, не сум среќен. Сакам да играм, да давам голови и да уживам“, вели Стерлинг.
Тој има уште 18 месеци од договорот со Сити, и признава дека би можел да игра надвор од Премиерлигата.
„Ако има опција да одам некаде за повеќе време, би бил отворен за тоа. Фудбалот е најважен. Како Англичанец, ја знам само Премиерлигата и би било интересно да се види како е надвор“, додава Стерлинг.