Top Sport

Стив Брус е нов тренер на Њукасл, го претрка Мурињо

Стив Брус важи за еден од најценетите фудбалски тренери во Англија. Во богатата тренерска кариера водеше девет екипи на повеќе од 900 меча, а 10-ти клуб кој ќе го предводи е Њукасл.

Бирократијата ги спречи катарските шеици официјално да го преземат клубот и да ја дефинираат сопственичката структура. Желба за тренерската позиција на идните сопственици беше Жозе Мурињо, но поради тоа што се уште не успеаја да го преземат клубот од Мајкл Ешли, Брус станува нов тренер по желба на актуелниот претседател на клубот.

На своето прво обраќање Брус истакна дека е воодушевен од својата нова работна позиција.

„Одушевен сум и многу горд што добив работа во Њукасл. Ова е клубот на моето детство, клубот за кој навиваше мојот татко, така што доаѓањето на Сент Џејмс Парк претставува посебен момент во мојата кариера. Пред нас е голем предизвик, но јас сум подготвен. Време е да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа, за да им овозможиме на навивачите да се гордеат со овој тим“ – рече Брус.

Пред Њукасл, Брус ги предводеше Шефилд јунајтед, Хадерсфилд, Виган, Кристал Палас, Бирмингем, Сандерленд, Хал, Астон Вила и Шефилд Вендздеј.

Њукасл првиот меч во Премиерлигата ќе го одигра на 11 август на свој терен против Арсенал.

Scroll to Top