Глазгов Ренџерс, на тренерот Стивен Џерард, во најголемото дерби на шкотскиот фудбал, го совладаа Селтик со 1:0. Ова е прва победа во „Олд Фирм“ за Ренџерс по пауза од шест години.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Рајан Џек во 30.минута. За Џек ова беше прв гол во кариерата за Ренџерс.
По дербито најголемите ривали во Шкотска се израмнет на челната позиција на табелата. Сетик и Ренџерс имаат по 42 бода.
Ryan Jack’s goal for Rangers against Celtic in the Old Firm Derby (2018). pic.twitter.com/yLX9Ruur3E
— Football Scenes (@AllFootbalI) December 29, 2018