Top Sport

Стоичков: Гвардиола е роден лидер, но титулите ги освои со пари

Легендата на бугарскиот фудбал и на Барселона, Христо Стоичков го „испофали“ својот поранешен колега Пеп Гвардиола, но предупреди дека неговите успеси во фудбалот треба да бидат ставени во контекст со клубовите во кои бил менаџер.

Стоичков играше покрај Гвардиола од 1990 до 1995 година на „Ноу камп“, по што Гвардиола направи уште подобра тренерска кариера со Барселона, Баерн Минхен и сега Манчестер сити. Тој освои шест титули во домашните првенства со Барса и Баерн и е фаворит да ја додаде седмата со Сити оваа година.

Стоичков вели дека ова е поради природното лидерство на 47-годишниот Каталонец, но и финансиската ситуација во клубовите.

„Тој е роден лидер! Сите беа поврзани со него на теренот бидејќи играше во средниот ред. Секоја игра почнуваше од него. Роналд Куман ќе му ја дадеше топката и тогаш почнуваше шоуто. Тој стана лидер толку млад и имаше одлична кариера во Шпанија. Но, како тренер, кога имаш пари можеш да ги добиеш најдобрите играчи во спортот. Така беше во Барселона, во Баерн и сега во Манчестер сити“, вели Стоичков во изјава за порталот „Гол“.

Стоичков исто така има искуство и со Жозе Мурињо, кој беше дел од тренерскиот тим на Барса во тие моменти и Бугаринот беше импресиониран од однесувањето на Португалецот.

„Мурињо секогаш беше тренер, но малкумина го знаеја тоа. Тој имаше посебна позиција, запишуваше што кажуваа фудбалерите и потоа тоа му го пренесуваше на тренерот Брајан Робсон. Така стана еден од најдобрите менаџери на светот. Секогаш беше чекор пред другите“, објаснува Стоичков.

Scroll to Top