Трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ засекогаш ќе остане запишан во историјата на фудбалот. Прво затоа што еден од најдобрите светски фудбалери реши да ја промени средината по 21 година поминати во Каталонија, а второ затоа што тоа го стори без отштета, како слободен фудбалер.
Поранешниот освојувач на Златна топка во 1994 година, Бугаринот Христо Стоичков за јужноамериканската телевизија „TUDN“ го обвини раководството на Барса предводено од Жоан Лапорта.
„Има луѓе од Управата кои ветуваа, се колнеа во животот дека ќе го задржат Меси во клубот. Им дадоа ветување на навивачите кое не беа во состојба да го исполнат. Ќе биде тешко сега, но тоа е животот. Каде и да игра, секогаш ќе го почитувам поради тоа што го стори за Барселона и за моите деца. Го запознав кога имаше 12-13 години“ вели Бугаринот.
Тој смета дека нема потреба да се зборува за фудбалските квалитети на Меси, тие се општо познати.
„На моите деца им подари дресови на Барселона, а ми донесе еден и кога ми се роди внуката. Имам некои негови работи во домот, а некои ги дадов во музеј. Ќе биде чудно сега да го гледам во друг дрес“ рече Стоичков.