Top Sport

Стоичков се расплакал додека говорел за расизмот на бугарските стадиони (Видео)

Тековните квалификации за пласман на ЕУРО 2020 се вистински кошмар за Бугарија, судбината во понеделникот им ја запечатија Англичаните со победата 6:0. Тој меч ќе биде запишан во историјата на бугарскиот фудбал, како рекорден пораз, но и меч кој ја стави Бугарија на столот на срамот.

Два пати натпреварот, во првото полувреме, бил во прекин поради расистички навреди кон црномурните англиски репрезентативци.

На оваа тема, гостувајќи во телевизијата „ТУДН“, низ солзи говорел најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња и поранешен играч на Барселона, Христо Стоичков.

„Решението е да не им дозволите на хулиганите да влезат на стадионот. Како што тоа беше случај во Англија пред неколку години. Пет години да не стапнат на трибините кога игра репрезентацијата, а истото да важи и за гостинските натпревари. Луѓето не заслужиле да страдаат. Мислите дека јас се чувствувавм добро“, рекол Стоичков, а потоа ја наведнал главата и започнал да плаче.

Scroll to Top