Top Sport

Стојчев: Пропуштивме неколку убави шанси во Гдањск

Македонскиот прволигаш Академија Пандев загуби со 4:1 од Лехија Гдањск во првиот меч од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Струмичани по првиот дел имаа три гола негатива, а тренерот Ѓорѓе Стојчев жали за нереализираните шанси на својот тим.

„Лехија Гдањск потврди дека е квалитетен тим, а ние ќе треба да бидеме многу подобри на реваншот за да го подобриме впечатокот. Не можам да бидам задоволен од резултатот, тоа е сигурно. Имавме неколку неискористени шанси на овој меч и жалиме поради тоа“, изјави Ѓорѓе Стојчев.

Реваншот ќе се игра следниот четврток во Македонија.

Scroll to Top