Top Sport

Стојковиќ има поддршка, останува селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси останува селектор на српската фудбалска репрезентација, пренесува „Моцартспорт“.

Пикси ќе ја добие поддршката од извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе ги предводи „орлите“ во Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Се чинеше дека по неуспехот на ЕП, ФСС ќе му врачи отказ на Стојковиќ, но во меѓувреме ситуацијата се сврте во негова корист.

 

Scroll to Top