Top Sport

Стоп од УЕФА за пет двојки

УЕФА се уште нема одредено кој со кого ќе игра во квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2020 година, но затоа објави кои земји нема да можат да се најдат во иста група.

Според европската куќа на фудбалот пет двојки би биле од висок ризик и поради тоа објави дека тие репрезентации нема да можат да играат во иста група.

Во квалификациите ќе биде невозможно да се сретнат Србија и Косово, Босна и Херцеговина и Косово, Шпанија и Грибралтар, Ерменија и Азербејџан, односно Русија и Украина.

Извлекувањето на групите за квалификацискиот циклус за ЕП во 2020 година ќе се одржи на 2.декември. Континеталното првенство што ќе се одржи за две години ќе биде првото што че се игра во десет држави. Завршницата на шампионатот ќе се игра во Лондон, а титулата ќе ја брани Португалија.

Scroll to Top