Top Sport

Стоук е првиот кој испадна од Англија, „чудото“ Палас остануваат премиерлигаши

По десет години, Стоук сити испаѓа од Премиер лигата, како прв тим оваа сезона кој официјално нема шанси да остане во елитата по 1:2 поразот од Кристал палас, во приказна на два тимови со сосема спротивни почетоци и секако, поинаков крај.

Стоук во претпоследниот меч од сезоната беа очајни за победа, прва по 13 мечеви, а и атмосферата се крена кога Џердан Шаќири со гол од слободен удар, меѓутоа, прво Џејмс Мекартур израмни во 68. минута, а Патрик ван Анхолт го постигна победничкиот гол за Палас во 86. минута.

Стоук заостанува три поени зад 17-пласираниот Свонси на еден меч до крајот на сезоната, но велшкиот клуб има меч против Саутемптон во среда, што значи дека тимот на Пол Ламберт не може да го избегне испаѓањето.

Ламберт требаше да го „спасува“ Стоук кога го замени Марк Хјуз на менаџерското место во јануари, додека Палас, откако ги загубија првите седум меча од сезоната, сега математички изборија опстанок, со што мора да следуваат пофалби за нивниот менаџер, Рој Хоџсон, кој го замени Франк де Бур по лошиот старт.

Scroll to Top