Top Sport

Стоунс: И Гвардиола е заслужен за успехот на Англија

Англискиот репрезентативец Џон Стоунс верува дека и менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, поради она што од него го научиле репрезентативците од овој клуб, имал влијание за успехот на Англија на тековното Светско првенство.

Стоунс верува дека тој и неговите соиграчи од Сити и репрезентацијата Кајл Вокер и Рахим Стерлинг, во националниот тим го пренеле влијанието на Гвардиола.

„Мислам дека постои влијанието на Гвардиола. Она што го научивме во Сити се обидуваме да го пренесеме и во репрезентацијата. Воведовме нови идеи во одредени делови од играта. Секој пренесува искуства од клубот. Поради тоа ние сме добра комбинација“, рекол Стонс.

Англија преку Колумбија избори пласман во четврт-финалето, а за место меѓу најдобрата четворка ќе се бори против Шведска. Натпреварот се игра утре од 16 часот.

Scroll to Top