Top Sport

Стоунс со смешен автогол за Сити, Ливерпул ги газат Атлетико

Славјето на фудбалерите на Манчестер сити траеше помалку од три минути по водството од 1:0 над Клуб Бриж, откако Џон Стоунс си постигна атрактивен автогол за да ја поништи предноста на домашниот клуб.

Фил Фоден во 15. минута даде гол по опсадата на голот на белгискиот клуб, но Бриж успеа да врати кога Стоунс реагираше неспретно во сопствениот шестнаесетник.

Ливерпул, пак, по само 21. минута на „Енфилд“ има 2:0 против Атлетико Мадрид во уште едно „гегенпресен“ шоу на тимот на Јирген Клоп. Диого Жота во 13. минута постигна гол за 1:0, за во 21. минута Садио Мане да зголеми на 2:0, а во двата гола асистенцијата оди кај Трент Александер-Арнолд.

Scroll to Top