Белгиски Гент може да се пофали со голема работа кога се работи за трансфер пазарот.
Пред две години од Канада го доведоа без обесштетување Џонатан Дејвид, а сега го продаваат во француски Лил за неверојатни 27 милиони евра.
Сјајниот офанзивен играч од средниот ред со францускиот клуб потпиша 5-годишен договор.
Дејвид е роден во Њујорк, а за две сезони во Гент постигна 37 гола и запиша 15 асистенции.
Еве за каков играч станува збор: