Top Sport

Стриниќ мора привремено да ја прекрати кариерата

Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ привремено ќе ја прекрати фудбалската кариера, откако на лекарските прегледи во својот нов клуб Милан било утврдено дека има знаци на хипетртофија на срцето и не може да игра додека не се поправи ситуацијата.

Хипертрофија е зголемување на срцевиот мускул и може да биде причина за ненадејна смрт при големи напори. Стриниќ беше дел од хрватската репрезентација која го освои среброто на СП во Русија, по што потпиша за Милан како слободен фудбалер од Сампдорија.

„Нема причини за загриженост. Ќе одмарам десетина дена, ќе ги повториме тестовите, но лекарите со кои зборував веруваат дека за месец дена ќе можам да бидам подготвен. Лекарите сакаат да се внимателни“, изјави Стриниќ за хрватскиот портал „24 часа“.

Scroll to Top