Top Sport

Стручњаците тврдат – Рејес возел двојно побавно од првичните информации!

Легендарниот фудбалер на Севилја, Арсенал, Реал и Атлетико Мадрид, Хозе Антонио Рејес загина во тешка сообраќајна несреќа на 1 јуни годинава.

Шпански „Ел Мундо Депортиво“ два дена по несреќата објаи информации дека Рејес со својот автомобил „мерцедес брабус с550“ кој има 380 коњски сили се движел со брзина од 237 километри на час, па при големата брзина ненадејно свртел и удрил во заштитната ограда на патот. Во таа прилика, според пишувањата на шпанскиот медиум, добиени од полицискиод увид, му пукнала гумата, изгубил контрола, удрил во бетонски рабник, се превртел и се запалил.

Освен Рејес, во автомобилот беа и неговите роднини, Џонатан Рејес кој исто така го загуби животот. Во автомобилот беше и Хуан Мануел Калдерон кој ја преживеа несреќата со изгореници на две третини од телото.

Сепак, нови моменти доведе дополнителното вештачење. Тоа утврдило дека брзината на движење била двојно помала од првично соопштената.

Шпанските медиуми вчера соопштија дека според нивните информации, Рејес возел со брзина помеѓу 111 и 128 километри на час, што било во границите на дозволеното.

„Беше искусен зад воланот и се обиде да ја избегне несреќата со сите сили, но тоа беше невозможно“ – изјави стручњакот Миријам Моја.

Инспекторите сметаат дека воздухот во гумата се намалил, таа пукнала и поради тоа настанала несреќата.
José Antonio Reyes: No iba a 237 km/h, ¿a qué velocidad circulaba en el momento del accidente? | ANTENA 3 TV – NOTICIAS https://t.co/LyyZfBxuFA
— SevillaSevillaSevilla (@santi_mora) September 24, 2019
New findings show that Jose Antonio Reyes was driving at 110-128 kph not 220kph when he crashedhttps://t.co/HnQ4HAYyTZ
— Tim Hanlon (@CatalanDream) September 24, 2019

Scroll to Top