Top Sport

Студен туш за Тотенхем, три бода за Вест Хем (Видео)

Вест Хем Јунајед е првиот тим што успеал да слави на новиот стадионот на Тотенхем. „Чеканите“, во рамките на 36 коло забележаа минилана победа 1:0.

Тотенхем беше за нијанса подобар ривал во првиот дел а Сон, Ериксен и Моура беа непрецизни или себични од добри позиции.

Во второто полувреме Антонио во 67 минута успеа да го совлада Љорис. Францускиот голман спречи убедлив триумф на Вест Хем, тој во 80 и 86 минута излезе како победник од дуелите со Антонио и Диоп.

На две кола до крајот Тотенхем се на третата позиција со 70 бода. Спарс имаат три односно четири бода повеќе од градските ривали Челси и Арсенал, кои имаат и меч помалку.

Scroll to Top