Луис Суарез застана во одбрана на својот нов тимски колега од Барселона, Антоан Гризман, оценувајќи дека на сите фудбалери им е потребна адаптација кога ќе дојдат во каталонскиот гигант.
28-годишниот Французин веќе е на метата на критичарите во Каталонија по неубедливиот старт по трансферот од Атлетико Мадрид ова лето, иако тој постигна гол при победата над Борусија Дортмунд во ЛШ во средата. Со четири гола во Ла лига, Гризман неколку пати призна дека не му е лесно на „Ноу Камп“, но Суарез има целосна доверба во него.
„Очигледно, не е лесно за било кој фудбалер кога почнува во Барселона. Потребно е време да се адаптира. Време и мечеви и потоа, кога ќе се чувствува подобро и кога ќе ја почувствува поддршката од соиграчите, ќе дојде формата. Исто така мораме да разбереме дека не игра на својата поранешна позиција и дека тој прави голема промена за да се адаптира на барањата на тренерот Ернесто Валверде. Истото се случуваше со мене, со Филипе Кутињо, со Нејмар, со Усман Дембеле. Луѓето секогаш те гледаат со лупа поради тоа што значи клубот, но тој е тивок и работи“, вели Суарез.
Барселона гостуваат кај поранешниот тим на Гризман, Атлетико Мадрид в недела.