Луис Суарез и Лионел Меси со голови во второто полувреме спречија Алавес да направи сензација на „Ноу Камп“ и да им скрати три поени на шпанските лидери, Барселона.
Алавес им приреди шок на домаќините во 23. минута, кога по неуспешна офсајд-стапица, Џон Гуидети го совлада Тер Штеген со фантастичен удар од работ на шестнаесетникот. Баскискиот клуб потоа постојано го фрустрираше нападот на Каталонците со импресивна дефанзивна игра до крајот на полувремето.
Така беше со 72. минута, кога Андрес Иниеста имаше одлично додавање на Суарез, кој шутираше, топката го удри Жерард Пике во раката, голманот и заврши во мрежата за израмнување. За победата се погрижи Лионел Меси со нов фантастичен гол од слободен удар во 84. минута.