Луис Суарез е многу блиску до трансфер во Јувентус од Барселона, додека Интер повторно ги отворија преговорите со Рома за босанскиот напаѓач Един Џеко, јавуваат италијанските медиуми.
Сепак, овој „рингишпил“ во Серија А за да може да започне треба да се оствари првиот чекор, односно Рома да се договори со Аркадијуш Милик од Рома, а Ченгиз Ундер да замине во Наполи. Според „Ла газета дело спорт“, Јувентус се во напреднати преговори за Уругваецот Суарез и имаат предност пред Ајакс и Пари Сен-Жермен, но пречка остануваат 14-те милиони евра кои Барселона треба да му ги исплатат на Суарез за да го раскинат договорот предвреме.
Со реализација на овој трансфер, се отвара шанса Интер да го добијат Џеко, откако директорот на клубот, Бепе Марота беше забележан во разговор со агентот на Џеко, Силвано Мартина, јавува „Калчомеркато“. Рома бараат 12 милиони евра за Џеко.