Top Sport

Суарез положи италијански јазик, но Јуве веќе „кренаа раце“!

Луис Суарез денеска во Перуџа го положи испитот за италијански јазик со што може да земе државјанство, но Јувентус веќе се откажале од неговото ангажирање, преферирајќи го Един Џеко, јавуваат повеќе италијански медиуми.

Според „Скај спорт Италија“, Аркадијуш Милик веќе се согласил да го направи трансферот од Наполи во Рома, со што „волчицата“ може да го продаде босанскиот „дијамант“ Џеко на Јувентус, со што би се решило прашањето на напаѓач во тимот на Андреа Пирло.

Главен предмет на „сопнување“ на Суарез е инсистирањето Барселона да му ја исплатат платата за преостанатата сезона од договорот, односно 14 милиони евра. Уругваецот беше во Италија денеска, каде што го почна процесот за добивање на пасош од ЕУ, така што му се отвараат други можности во Италија, како Интер, иако уште нема преговори.

Scroll to Top