Top Sport

Суарез признава дека добил „многу“ понуди од САД

Луис Суарез потврдува дека добил повеќе понуди за преселба во американската МЛС лига, откако стана слободен играч по заминувањето од Атлетико Мадрид на крајот на сезоната, но додава дека уште не одлучил каде ќе ја проолжи кариерата.

35-годишниот уругвајси репрезентативец поголемиот дел од професионалната кариера ја помина во Европа, во Холандија, Англија и Шпанија и вели дека клучно при изборот за тимот ќе биде подготвеноста за Светското првенство во Катар.

„Проблемот е што доста од опциите се за од јануари, и треба да размислам и да анализирам добро. Пазарот на играчи во МЛС лигата е комплексен – некои тимови те сакаат, но немаат место, така што ќе треба да ги чекам до јануари. Други клубови, пак, сакаат веднаш догоговор, но не знам дали ќе се квалификуваат за плејоф. Ако не се пласираат во плејоф, сезоната завршува во првата недела во октомври, што не ми е корисно, бидејќи е предалеку до Светското првенство. Тоа што се зборуваше за Интер Мајами не е точно, бидејќи не сме склучиле никаков договор“, вели ветеранот.

Scroll to Top