Top Sport

Суботиќ потпиша за Сент-Етјен

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Србинот Невен Суботиќ по 10 години во Германија заминува за Франција, каде што потпиша двеиполгодишен договор со Сент-Етјен.

Дефанзивецот имаше низа потешки повреди последните две сезони и не успеа да избори место во стартните 11 на БВБ, така што клубот реши да му дозволи на 29-годишниот Србин да замине без отштета. За него беа заинтересирани и Хадерсфилд во Англија и Селтик во Шкотска.

Суботиќ имаше само пет настапи за Борусија оваа сезона и поголемиот дел седеше на клупата, а шансите за враќање во тимот станаа помали откако Дортмунд потпиша договор со Мануел Аканџи од Базел за 20 милиони фунти.

Scroll to Top