Спортскиот суд во Лозана (ЦАС) на 13 јули ќе ја соопшти пресудата по жалбата што ја поднесе Манчестер сити. УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј на „граѓаните“ им изрече забрана за настап во европските купови во наредните две сезони.
Минатиот месец ЦАС три дена ја слушаше одбраната на Манчестер сити по повод две годишната суспензија и паричната казна од 30 милиони евра. Конечната одлука од Лозана ќе ја соопштат за 12 дена.
На 13 јули ќе биде познато дали Сити ќе бидат исфрлени од европските купови или казната на УЕФА ќе биде поништена.