Мексиканскиот фудбалски судија Хосе Валдемар хернандез Капелито починал во саботата во раните утрински часови. Капелито починал од ударот кој на натпревар го примил од играчот на Гвадалахара, Милтон.
Несреќниот судија, на натпреварот одигран на Бадник, му покажал црвен картон на Милтон, а овој незадоволен од одлуката физички го нападнал судијата, задавајќи му удари по телото.
Откако неколку дена бил во кома несреќниот судија починал.