Top Sport

Судијата имаше нешто против Понферадина (видео)

Тимот на Понферадина се бори за опстанок во Сегунда Б шпанската лига и очајно им беа потребни трите поени за победата над Гимнастика Сеговијана, кои судијата реши дека не им се дозволени.

При резултат 0:0, играчот од средниот ред на Понферадина, Андрес Родригес се најде во совршена шанса и го совлада голманот на Гимнастика во последен момент. Меѓутоа, судијата Алваро Лопез Пара реши дека ова не е дозволено, означувајќи го крајот на мечот во моментот на ударот на играчот.

Нормално, играчите на Понферадина не беа задоволни и решија да протестираат кај него, но судијата остана на своето. По мечот Лопез Пара изјави дека сфатил дека времето истекло пред 17 секунди над неговите одредени 3 минути.

Тренерот на Понферадина, Карлос Теразас имаше помирлив став.

„Судијата го направи своето и мораме да го почитуваме тоа. Сите правиме грешки, играчите, тренерите, но и судиите. Тоа е дел од спортот“, вели Теразас.

Несудениот стрелец, Родригез беше подиректен.

„Го слушнав свирчето додека шутирав. Да го слушнев порано, немаше да шутнам. Не ми се верува што се случува“, вели Родригез.

Scroll to Top