Новак Симовиќ, кој пред две недели го судеше дербито помеѓу Партизан и Црвена звезда во полу-финалето на Купот на Србија бил заразен со коронавирусот. Покрај Симовиќ позитивни тестови на вирусот имале уште четворица судии требаа да го судат дуелот помеѓу Војводина и Партизан.
Информацијата дека Симовиќ е заразен со коронавирусот доаѓа ден по објавата на фудбалскиот клуб Црвена звезда дека петмина играчи биле позитвни на вирусот. Четворица од тие петмина играа на натпреварот со Партизан (Бранко Јовичиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ и Марко Гобељиќ).
Гобељиќ, Петровиќ, Јованчиќ и петтиот заразен Конотар кој не играше против Партизан покажувале симптоми и тие не беа во конкуренција за мечот со Пролетер, со кој во саботата заврши сезоната во Србија.
Јовичиќ немал никакви симптоми, но неговиот тест бил позитивен. Тој против Пролетер играл 65 минути.