Top Sport

Судијата признал дека го оштетил Реал

Реал Мадрид, изминатиот викенд, одигра 1:1 во Севилја. По натпреварот од „кралскиот клуб“ се жалеа на арбитражата на Рикардо де Бургос Бенгоечеа.

Главниот судија, во финишот на натпреварот не досуди пенал за Реал. Стартот на ветеранот Хесус Навас над Винисиус Жуниор беше очигледен, но Бенгоечеа не се огаси, а не доби ниту сигнал од ВАР собата.

Камерите и микрофоните на „ДАЗН“, го фатија судијата како на Винисиус, кој е во друштво на Ракитиќ, до додека го напушта теренот му вели: „Згрешив, секако дека згрешив, Вини. Ти реков!“

Со оглед на тоа што ситуацијата со недосудениот пенал се случи неколку минути пред оваа конверзација, Шпанците се убедени дека разговорот се однесувал токму на таа ситуација.

Scroll to Top