Top Sport

Судот ја потврди затворската казна за Робињо

Поранешниот бразилски репрезентативец, Робињо, ќе мора да оди зад решетки. Судот во Рим, ја одби жалбата на неговите адвокати и ја потврди претходната одлука која ја донесе Судот во Милано.

Робињо беше обвинет дека во 2013 година, во Милано, силувал во еден ноќен клуб 23-годишна девојка. Судскиот процес кој траеше долго, заврши до пресудата на Судот во Рим. На оваа одлука Робињо повеќе нема право на жалба.

Бразилецот е осуден на деветгодишна затворска казна.

Робињо, пред две години ја заврши кариерата која ја започна во 2002 година во Сантос. Барзиелцот го носел дресот на Реал, Манчестер сити, Милан, Гвангжу Евергранде, Атлетико Минеиро, Сиваспор и Башакшехир.

Во кариерата одиграл 512 натпревари, постигнал 155 голови.

За националниот тим настапил на 100 натпревари, постигнал 28 голови.

Scroll to Top