Top Sport

Судот му ја укина суспензијата на Ањели

Апелациониот суд при Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИЦГ) му ја укина едногодишната суспензија на претседателот на Јувентус Андреа Ањели.

Првиот човек на „Старата дама“, во септември ја доби суспензијата бидејќи им продавал билети на „ултрасите“ на Јувентус, а клубот париќно беше казнет со 300.000 евра.

Апелациониот суд при ФИЦГ ја смени одлуката и наместо едногодишната суспензија за Ањели, а го казни Јувентус, кој на еден натпревар ќе мора да ја затвори јужна трибина, онаму каде што седат „ултрасите“. Покрај тиа апелација му изрече парична казна во износ од 100.000 евра на Ањели.

Исто така, парично е казнет и клубот и тоа со 600.000 евра.

Јужната трибина Јувентус ќе ја затвори на натпреварот со Џенова кој на програмата е на 22.јануари.

Scroll to Top