Top Sport

Судот за арбитража во спортот ја потврди одлуката на ФИФА за фудбалските агенти

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ја отфрли жалбата на Швајцарската асоцијација на фудбалски агенти (ПРОФАА) против одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за ограничување на провизиите кои смеат да ги земат од скапите трансфери.

ЦАС одлучи дека новите правила се целосно во согласност со анти-трастовските правила на Европската Унија. ФИФА ги воведе новите правила оваа година, и тие ќе стапат на сила во октомври. Според нив, има ограничување на профитот кој можат да го остварат агентите, а исто така им се забранува да ги претставуваат заеднички клубовите кои купуваат и продаваат играчи.

ЦАС утврди дека има „техничка и демократска легалност“ во овие мерки.

Scroll to Top