Легендарниот поранешен фудбалер и менаџер на Ливерпул, Греем Сунес признава дека е екстремно разочаран од формата на „црвените“, велејќи дека нема никаква агресија во нивната игра и дека сега сите противници едвај чекаат да играат со нив по 0:2 поразот од Евертон во саботата, четврт на „Енфилд“ во низа.
„Како навивач на Ливерпул, крајно сум разочаран од мојот тим. Изгледаа како да немаат енергија и агресија во нив. Подобриот тим победи. Очекував реакција во првите 10 минути по голот и на полувреме, но и тоа падна во вода. Мислам дека нема фудбалер на Ливерпул кој ќе каже дека ова беше добар мече за нив. Тие се сенка од тим. Кога ќе помислите што беа во последните три години, тим против кој никој не сака да игра, против кој е страшно да се притисне. А, сега, сите едвај ги чекаат. Станаа лесен плен“, вели Сунес.