Протестите на навивачите на Манчестер јунајтед и влегувањето на теренот на „Олд Трафорд“ ги подели коментаторите на „Скај спортс“ – додека Рој Кин, Џејми Карагер и Фил Невил застанаа во одбрана на нивните права и против семејството Глејзер, легендата на Ливерпул, Греем Сунес ги осуди нивните постапки.
„Пролета полна лименка пиво. Да не погодеше, ќе завршевме во болница, така што тоа не е ситуација за смеење. Ако си на погрешно место, можеби и ќе те убиеја. Тоа е неприфатливо“, вели Сунес.
Тој исто така смета дека бесот кон семејството Глејзер е „погрешно на сочено“.
„Мислам дека протестите нема да имаат никакво влијание. Глејзери откако се пензионираше Ферги, им дадоа на менаџерите милијарда фунта за трошење. Мислам дека има 719 милиони фунти во последните осум години. Мислам дека бесот е само бидејќи Јунајтед не се шампиони. Глејзери се сериозни бизнисмени и мислам дека ова нема да има никакво влијание на нивните одлуки. Живееме во земја каде што смееме да демонстрираме и да ги искажеме нашите чувства, но ако мислите дека ова ќе влијае на луѓе кои живеат на 5.000 километри од тука, на другата страна на Атлантикот да го продадат Јунајтед на попуст, многу се лажете“, вели Сунес.