Сопствениците на „Сунинг груп“, компанијата која го поседува Интер е заинтересирана да ги откупи преостанатите акции на претседателот на клубот, Ерик Торир.
Индонезискиот бизнисмен Торир го откупи Интер од Масимо Морати, купувајќи околу 70 отсто од акциите на „нераѕурите“, по што во летото 2016 година, кинескиот „Сунинг груп“ ги купи овие акции од Торир, кој пак, ги купи преостанатите акции на Морати.
Сега според „Кориере дело спорт“, групацијата во сопственост на Џиндонг Жанг и неговото семејство, сака да ги откупи преостанатите 31.05 проценти на Торир за целосна контрола на клубот. По ова ќе останат неколку мали акционери, кои вкупно ќе поседуваат 0.4 проценти од акциите.
Торир претходно ги продаде акциите на МЛС клубот, Ди Си јунајтед.