Top Sport

Сунинг прв пат се шампиони во Кина

Фудбалерите на Џиангсу Сунинг прв пат во историјата ја освоија титулата во Супер лигата на Кина. Џиангсу во финалниот реванш со 2:1 го победија Гуандонг Евергранде. Превиот натпревар пред четири дена заврши без голови.

Сунинг до предност дојдоа во првата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Стрелец на голот беше Едер. Само што започна вториот дел Тешеира го зголеми водството на Сунинг.

Трошка надеж на Евергранде беше голот на Веи Шихао во 60 минута, меѓутоа до крајот играчите на Сунинг успеаја да ја одбранат предноста.

 

Scroll to Top