Германскиот весник „Билд“ тврди дека супер-агентот, Мино Рајола повторно е во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, но сега во одделот за интензивна нега во сериозна ситуација со проблеми со белите дробови.
54-годишниот Рајола, кој работи со фудбалери како Ерлигнг Халанд, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џанлуиџи Донарума и Матјис де Лихт, првпат отиде во болница на 12 јануари, кога беше известено дека е на итна операција. Но, тој ги демантираше тие шпекулаци, велејќи дека немало операција.
Денеска, пак, „Билд“ тврди дека неговото здравје е влошено и дека ситуацијата се смета за „сериозна“. Рајола е роден во Италија, но е преселен како дете во Холандија, каде што прво работеше како преведувач, пред да стане еден од највлијателните луѓе на фудбалскиот пазар.
Secondo il quotidiano tedesco BILD, Mino Raiola è ricoverato in terapia intensiva al San Raffaele di Milano https://t.co/LK6uJXokMs pic.twitter.com/gxCR8aw3YX
— Calcio e Finanza (@CalcioFinanza) January 20, 2022