Фудбалскиот сојуз на Кипар ги одлоѓи сите мечеви на неодредено време поради протести на судиите откако на нивни колега му поставиле бомба.
Сето тоа се случува откако УЕФА ги оценила како сомнителни три натпревари од втората лига на Кипар и две во купот на земјата.
Претседателот на ФС на Кипар, Никос Анастасиадис треба да вети дека ќе го исчисти спортот што ги изиритира судиите кои прстот го вперија кон него.
„Не сакаме вее да ги толерираме злосторничките елементи кои немаат никаква врска со спортот и го уценуваат кипарскиот фудбал и држава“ – рече Анастасиадис.
Инаку полицијата објавила дека во Ларнака експлодирала бомба под хаубата на автомобил при што е направена голема материјална штета.
Нападот се случил врз автомобилот на фудбалски судија непосредно по појавувањето на новите сомнежи за наместени мечеви.