Top Sport

Суспендиран соиграчот на Чурлинов кој играше под лажен идентитет

Фудбалскиот сојуз на Германија го суепндираше напаѓачот на Штутгарт, Силас Катомпа Мвумпа, кој во фудбалскиот свет беше познат како Силас Вамангитука.

Соиграчот на Дарко Чурлинов, минатата недела на клупските челници им открил дека бил измамен од својот менаџер и дека неговото презиме не е Вамангитука.

Лажниот идентитет, според фудбалерот, го измислил поранешниот негов менаџер, кога имал 19 години. Со лажен идентитет менаџерот издејствувал трансфер во ФК Париз.

Во Штутгарт веруваат дека измамата менаџерот ја направил за да ги раскине врските помеѓу фудбалерот и неговиот матичен клуб од ДР Конго, со цел ФК Париз да платат обесштетување.

Штутгарт и фудбалерот за ова потоа ги информирале Бундес лигата и Фудбалскиот сојуз на Германија.

Силас доби три месечна суспензија и парична казна од 30.000 евра. На теренот тој ќе може да се врати 11.септември. Новата сезона во Бундес лигата ќе започне на 13.август.

Соиграч на Дарко Чурлинов играл со лажен идентитет

Scroll to Top