Шпанската фудбалска Ла Лига денеска ја започнува новата сезона 2020/2021.
Во периодот од кога заврши мината сезона па се до пред некој ден најактуелна спортска тема во Шпанија беше дали Лео Меси ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе ја смени средината.
На радост на многуте навивачи на клубот, тој реши да ја продолжи соработката со клубот. Една од верните навивачки на клубот, атрактивната Бразилка Сузи Кортес верен фан на Аргентинецот му испрати фотографија со поддршка на Меси, а воедно испрати и брутална порака до управата на Каталонскиот клуб.
„Ја почитувам одлуката на Меси да остане, но додека е Бартомеу претседател, нема да го носам дресот на Барса, иако го сакам тој клуб. Барса прави злочин, практично го заробува Меси. Наскоро одам во Барселона да покренам протести против лошите ликови кои моментно го водат клубот“ напиша 33-годишната Кортез.