Top Sport

Сведоците на дебаклот во Норвешка бесплатно ќе ја гледаат Рома во Тирана

Фудбалскиот клуб Рома денеска соопшти дека 166 навивачи ќе добијат бесплатни билети за финалниот натпревар од Лигата на конференциите, кој нивниот тим го игра против Феенорд.

Финалето бесплатно ќе го гледаат навивачите на Рома кои присуствуваа на убедливиот пораз во Норвешка од Бодо Глимт со резултат 6:1.

Клубот на тој начин им се заблагодарува на своите симпатизери, а списокот на навивачи е формиран врз основа на податоците за продажбата на билетите кои ги испратил норвешкиот клуб, изјавија од Рома.

Рома подоцна го елиминира норвешкиот тим во четвртфиналето на Конференциската лига.

Клубот од Рим, последниот трофеј го освои во 2008 гоина, во Купот на Италија. Единствената меѓународна титула Рома ја освоила во 1961 година, кога славеа во Купот на саемски градови.

Финалето од Конференциската лига меѓу Рома и Феенорд ќе се одигра на 25. мај во Тирана.

Scroll to Top