Андерс Свенсон, фудбалерот со најмногу настапи за шведската репрезентација, вели дека ќе се откаже од својата омилена храна, мексиканската, доколку Мексико ги „нокаутира“ Швеѓаните од Мундијалот.
Шведска игра со Мексик ово последниот меч од групата Ф во Екатеринбург, во ситуација во која Мексиканците се први во групата со шест поени, а Шведска и Германија имаат по три. Свенсон, кој има 148 настапи за „трите круни“ од 1999 до 2013, дури има прекар „Тако“ поради неговата љубов кон мексиканската кујна, но сега ветува дека е подготвен да се откаже од тоа.
„Ова ќе биде последниот пат да јадам тако ако Мексико ја исфрли Шведска. Тоа ќе биде огромно жртвување за мене, така што осигурајте вие да ги изедете Мексиканците. Многу среќа“, вели Свенсон во своето видео пред такото да го „потопи“ во гвакамоле сосот.