Top Sport

Светот се сеќава на „Бебињата на Безби“

Англија и остатокот од фудбалскиот свет денес обележува 60 години од трагичната несреќа во која настрада половина од најславната генерација во историјата на Манчестер јунајтед. Светот не ги заборави „Бебињата на Безби“.

Емотивни пораки адресирани на „Олд Трафорд“ пристигнуваат од сите делови на светот. „Минхенската трагедија“ симболизира една голема спортска трагедија. Манчестер јунајтед 1958 година во Белград против Црвена звезда го играше првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите. На враќање за Манчестер, авионот во кој беа фудбалерите се урна на аеродрмото во Минхен.

Авионот при полетувањето не ја достигнал потребната брзина, удрил во две згради се урнал и запалил.

Несреќата подоцна доби и политички конотации, а германските истражители како причина за несреќата го навеле мразот на крилото на авионот „Елизабетана“, тога гордост на британското воздухоповство.

Како директен виновник бил посочен пилотот Џејмс Тин, но 11 години по несреќата абнглиската влада го ослободи од вината пилотот на авионот.

Бројна делегација на Манчестер јунајтед од вчера е во Белград, а синоќа во хотелот „Мажестик“, во кој „Бебињата на Бебзи“ отседнаа пред 60 години, се одржа комеморација.

Денес на стадионот на Партизан, каде се играше четвртфиналето пред шест децении ќе биде одржана уште една комеморација.

Scroll to Top